На 7-ми Ноември минатата година Акцијашкиот клуб “Брег на младоста“ од Охрид со своите млади членови ја спроведе акцијата “31 чемпрес за 31 паднат борец при ослободувањето на Охрид“. Но вандали украле 15 чемпреси, што претставува непочитување на историјата, на паднатите млади животи, но и на животната средина, велат од Акцијашкиот клуб “Брег на младоста“.

Случајот е пријавен во полицијата и во националниот парк.

Од Акцијашкиот клуб “Брег на младоста“ очекуваат надлежните институции да преземат соодветни дејствјија и најавуваат обвновување на паркот.

OhridNews