По повод одбележувањето на јубилејот-30 години на ЕВН колекција, свечено беше отворена автентична изложба „Тапети“ која обединува дела од богатите збирки на колекцијата на ЕВН Австрија и Музеј на современата уметност – Скопје. Изложбата, со 70 избрани дела од угледни меѓународни и реномирани македонски уметници го отсликува долгогодишното партнерство помеѓу Македонија и Австрија. Поставката ќе биде достапна на македонската јавност до 15 јули.

На свеченото отворање, покрај менаџментот на ЕВН Македонија, присуствуаше и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Австрија, гШтефан Шишковиц, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, амбасадорот на Република Австрија во Македонија, Мартин Памер, претставници на институции, културната јавност, деловни партнери и бројни гости.

На прв поглед, енергијата и уметноста припаѓаат на различни светови. Едната го движи секојдневниот живот, додека другата инспирира идеи и емоции. Но и двете имаат моќ да ги поврзуваат луѓето и да создаваат трајни вредности. Горди сме што дел од евн колекцијата, успеавме да ѝ го доближуваме на македонската јавност и придонесуваме кон културната размена меѓу двете пријателски земји, истакна тој.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, упати посебна благодарност до сите институции и поединци кои придонесоа за реализацијата на овој значаен културен проект и истакна дека оваа изложба е многу повеќе од претставување на уметнички дела – таа е симбол на долгогодишното пријателство, соработка и заеднички вредности што ги поврзуваат Македонија и Австрија.

OhridNews













