Селекционата комисија на УНДП ги прифати проектите за “Посредување при вработување на млади невработени со средно и високо образование – фаза 2” и “Програма за креирање на вработување – компонента 2”, соопшти Секторот за локален економски развој при општина Охрид.
 
Втората фаза од проектот за“ Посредување при вработување на млади невработени со средно и високо образование“, ќе отпочне да се реализираат пред крајот на оваа или почетокот на 2007 кога се очекува да биде објавен јавниот конкурс на кој ќе можат да се пријавуваат волонтерите и компаниите кои имаат потреба од работници, ни изјави проект менаџерот Ѓоко Апостолов од Секторот за локален економски развој.

Од 30 лица кои беа вклучени во  првата фаза од проектот за вработување  на млади невработени кадри, 16 лица добија решение за работа  во  компаниите во кои волонтераа.