Комитетот за светско наследство на УНЕСКО предложи Охридскиот регион да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Одлуката треба да биде донесена на 48-та сесија што се одржува во Бусан, Јужна Кореја, а врз основа на податоците од извештајот за напредокот во исполнувањето на препораките

Како причини ги наведуваат слабото прекугранично управување, отсуството на сеопфатна Стратешка оценка за влијанието врз животната средина, нерешеното урбанистичко планирање и дивоградбите, континуираните развојни притисоци и одложувањата во управувањето со отпадните води и отпадот, кои, велат, предизвикуваат сериозно влошување на исклучителната универзална вредност на доброто. Од Албанија и Македонија се бара до 1 февруари 2027 година да изготват заеднички корективни мерки со јасна временска рамка за нивна реализација и да достават нов извештај за состојбата.

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на Охридњуз во врска со очекувањето на одлуката од УНЕСКО за статусот на Охридскиот регион по последниот предлог на Комисијата за светско наследствоз заштитеното културно и природно богатство на Охрид да се стави на листа на универзални вредности во опасност посочи дека бараат од УНЕСКО период од шест години во којшто сите забелешки кои се констатирани од минатото за Охридскиот регион ќе може да се исправат.

Инаку, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО и минатата година на 47. сесија во Нацрт-одлуката предложи Охридскиот Регион да биде ставен на листата на светски природни и културни богатства во опасност, но по амандманот поднесен од Владата, на Македонија и Албанија им беше даден дополнителен едногодишен рок за спроведување на препораките.

Н.С.Ј.