Во катедралната црква Св. Софија вечерва од 21 ч. ќе настапи квартетот „Келер“ од Унгарија.

На програмата ќе бидат дела од Барток, Лигети и Шуберт.

Квартетот ,,Келер” е основан на Конзерваториумот ,,Лист” во Будимпешта, а неговата интернационална кариера започнува по победите на престижни меѓународни натпревари. Овој ансамбл владее со различни музички стилови и правци, за него компонираат видни современи автори. Квартетот ,,Келер” е редовен учесник на фестивалите на камерна музика.

ohridnews