Во понеделник во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 20 часот, хуманитарно пред охриѓани ќе биде изведено популарното „2 Mothers Brothers“- кабаре шоу на двајцата охридски актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.

Проектот на двајцата охридски актери трае час и четириесет и пет минути и е исполнет до последна секунда со динамични авторски песни и преработки, чија основа е комедијата.

Картите кои чинат 100 денари, веќе  се продаваат во ЦК „Григор Прличев” и кафулињата „Милениум”, „Стилс”, „Објектиф”,  „Аквариус” и   „Куба Либре”,  а средствата ќе бидат донирани за лекување на 11 годишно момче од Охрид.

Исто така, карти ќе може да се купат и во текот на утрешниот ден на градскиот плоштад на големиот хуманитарен хепенинг,  што го организираат охридските новинари и Црвениот крст Охрид.

Хуманите граѓани може да донираат и парични средства преку уплата на жиро сметка на 530500017615254 Охридска Банка. Отворени се и телефонски линии за донации 075  143 113, 077 143 155 и 070 143 105 на мобилните оператори Т- Home, One и Vip

OhridNews

Хуманитарен настан „Заедно за еден детски живот“

X
Хуманитарен настан „Заедно за еден детски живот“