Во текот на изминатото деноноќие за не носење лична заштита на лице регистрирани се 1022 прекршоци., информира МВР.

Во истиот период на територијата на државата на 231 лице им се издадени решенија за изолација, а 161 лице потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека две лица не ги почитувале мерката за изолација и самоизолација, соопшти полицијата.

OhridNews