СВР Охрид поднесе поднесе уште една кривична пријава против 34-годшен жител на село Лескоец,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”.

На 14.02.2017 година во продавница во Охрид  пријавениот пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 1000 денари. Од страна на вработените во продавницата било забележано дека банкнотата е лажна, а настанот телефонски го пријавиле во СВР Охрид, по што пријавеното лице е приведено за понатамошна постапка.

Банкнотата е испратена до Народна банка на Република Македонија за вештачење,  каде е констатирано дека истата е фалсификат.

OhridNews