Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека вчера, во 20 часот и 20 минути, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир. 25-годишен охриѓанец извршил физички напад врз 21-годишно лице од Скопје.

Полициската станица од Охрид, презема мерки за расчистување на случајот.

Викендов беше регистрирана тепачка и во угостителски објект лоциран на улицата „Кленоец“, во која учествуваа три лица, а едно беше повредено.

OhridNews