Шест месеци условна казна доколку не стори кривично дело во наредните две години му пресуди Судот во Скопје на обвинетиот Томислав Лазаров, кој призна вина за насилството во Општина Центар.

Осудениот Лазаров најави дека нема да ја обжали одлуката на Судот.

Специјалното јавно обвинителсто изрази задоволство од изречената казна, посочувајќи дека Лазаров бил единствениот обвинет кој ја признал вината пред почетокот на судењето и дека за другите обвинети СЈО нема да прифати помали казни од законски пропишаните за вакво дело, кои се движат од шест месеци до пет години.

OhridNews