Успешно се реализираше хуманитарната трка под мотото ”Со срце трчај-од срце дарувај за малата Ева“, што се одржа вчера во организација на СОСУ ‘Св. Кирил и Методиј’ и ЈП Билјанини извори-Охрид. Настанот покаже дека кога заедницата се обединува, се создаваат вистински чуда .

На трката учество зедоа околу 500 натпреварувачи од различна возраст, како и голем број граѓани, поддржувачи и волонтери, кои со своето присуство придонесоа за успешно реализирање на оваа хуманитарна иницијатива.

Преку котизациите, донациите и поддршката од општествено одговорни компании и поединци, беа собрани вкупно 262.558 денари, средства кои ќе бидат наменети за лекувањето на малата Ева.

По завршувањето на трката, беа прогласени најуспешните учесници:

Категорија: Возрасни-женска конкуренција

Трето место – Елена Јанеска
Второ место – Росана Пендик
Прво место – Александра Маленко

Категорија: Возрасни-машка конкуренција

Трето место – Ќерен Куртес
Второ место – Благоја Трајкоски
Прво место – Петар Милески

Категорија: Ученици-женска конкуренција

Трето место – Девран Куртис
Второ место – Сара Секулоска
Прво место – Лина Луканова

Категорија: Ученици-машка конкуренција

Трето место – Матеј Николоски
Второ место – Керем Усеин
Прво место – Филип Шибакоски

Организаторите изразуваат голема благодарност до сите помагатели на настанот Општина Охрид, Би Милк, Европска делегација во Република Македонија, Инсајд кафе, Лабино саунд, КУД Отекс, студио Принт дизајн, Жанко Зш, Астра дизајн кои несебично ја подржаа оваа иницијатива.

Исто така, искрена благодарност до Гимназија ‘’Св. Климент Охридски’’ Охрид, Угостителско училиште ‘’Ванчо Питошески’’Охрид ,ОЕМУЦ ‘’Св.Наум Охридски’’ Охрид Факултет за туризам и угостителство, Факултетот за информатички технологии ‘’Св.Апостол Павле”-Охрид за нивната поддршка и учество.

Но најголемата благодарност оди до сите вас — учесниците, донаторите и луѓето со големи срца. Вашиот чекор денес значи надеж, вашата поддршка значи сила, а вашата хуманост значи иднина за Ева, велат организаторите.

Да продолжиме да трчаме — не само денес, туку и во животот — со срце, со вера и со желба да помогнеме таму каде што е најпотребно, додаваат од училиштето.

OhridNews