Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на РМ  ја усвоија Националната стратегија за Механизми за чист развој согласно Протоколот од Кјото за периодот 2008-2012 година. Се работи за политичко препознавање на актуелните приритети, велат во ресорното министерство, според кое усвоената програма е од исклучителна важност за заштитата на животната средина.

Во критичен момент од аспект на климатските промени и заштитата на животната средина ние излегуваме со стратегија која ќе помогне во стратешко поставување пред два предизвика, сметаат во Министерството за животна средина и просторно планирање. Првиот еколошки , и можноста за реакција против загадувањето , испуштањето на емисиите и развој на механизми и технологии за претворање на отпадот во енергија. Вториот економски , затоа што преку идентификувани проекти стратешки се поставуваме пред инвеститорите и државите  кои ќе инвестираат во заштитата на животната средина, велат во министерството за животна средина.