Од локалната самоуправа информираат дека во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“, утре, 3-ти мај, ќе се реализира акција за уредување  на крошната на чинарот кој се наоѓа на улицата „Гоце Делчев“ на пресекот со „Абас Емин“, населба Кошишта (пред ДОН маркет).

За таа цел, утре, од 8.30 до 11.30 часот  за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Абас Емин“ спрема ул. „Гоце Делчев“ и ул. „Кирил Методиј“ во двата правци. Се молат граѓаните  во тој период да ги отстранат паркираните возила на горе споменатата локација  како не би дошло до несакани последици по матерјалните добра и безбедноста на луѓето.

OhridNews