Утре промоција на две нови книги од авторките Енис Хилми и Тина Иванова
18.07.25 14:41
Утре, 19-ти јули, во 19:30 часот во Ликвид кафе, стариот дел на Охрид, во организација на издавачката куќа ТЕМПЛУМ, ќе се одржи промоција на две нови книги, низ средба на две македонски авторки.
Пред публиката во Охрид, за прв пат ќе биде претставено второто, дополнето издание на збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми од Охрид, која за ова дело ја доби годишната награда „Новите“, за најдобар дебитантски прозен ракопис во 2024 година, што ја доделува Темплум. За награденото дело на Хилми, ќе зборуваат промоторите, Елизабета Шелева и Стефан Алијевиќ.
На промоцијата ќе биде претставена и првата книга раскази „Danse Macabre“, алегоричен и гротескен приказ на смртта и животот, од музикологот и писателка Тина Иванова, за која ќе зборува Мерсиха Исмајлоска.
По пријава добиена во 01:00 часот дека од концерт во спортски центар во Охрид се слуша гласна музика која го нарушува јавниот ред и мир, мерењата на полициски службеници од СВР Охрид утврдиле отст...
Со многу смеа, преполна позитивна енергија и препознатлив балкански хумор, синоќа во „Cinema Food & Bar“ во Струга продолжи програмата на „Summer Comedy Marathon 2026 Специјалниот гостин од Срб...
Стоечки овации за пијано триото „Вибрарт“ од публиката што вчеравечер го проследи нивниот концерт во рамки на традицоналната Шпанска вечер на „Охридско лето“ Концертот на кој присуствуваа бројни го...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.