Утревечер изложба „Издигнување“ во НУЦК „Григор Прличев“
24.10.23 10:29
Изложбата „Издигнување“ на авторот Христијан Томаноски утре, 25 октомври, ќе биде отворена во изложбениот салон при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 19.00 часот.
Насловот „Издигнување“ е инспирација од стиховите од воведните песни на збирката на Ш. Бодлер „Цвеќињата на злото“. Низ неколку дела проткаени се и други стихови од повеќе автори, поврзувајќи и надополнувајќи ги делата со цел проширување на просторот на самите дела. Комбинирањето на повеќе стилови и техники во творењето на дигитални и традиционални скици, илустрации и дизајни во различни ми помогнаа да ја поставам основата за креирањето на визуелниот јазик на оваа изложба. Сега целта, е еден кохерентен јазик на комбинирање на едноставноста и експерименталноста на графиката изразена преку илустративен пристап.
Авторот Христијан Томаноски е роден во 1985 г. во Струга. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика со насока графички дизајн. Работел како едукатор за визуелни уметности и дизајн. Се занимава со графички дизајн, илустрација. Еден од основачите на здружението ИНКА. Работел на сценографијата на СВП, и како дел од тимот за продукција на фестивалот. Од 2018 година работи како соработник за визуелни уметности во НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга.
По повод Светскиот ден на срцето, кој секоја година глобално се одбележува на 29-ти септември, а годинава под мотото „DON’T MISS A BEAT”, ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехаб...
Соработката меѓу институциите е од суштинско значење за унапредување на отпорноста на катастрофи во земјава и во поширокиот регион на Западен Балкан, истакна постојаниот претставник на УНДП во Маке...
Првиот академски час за академската 2026/2027 година на Факултетот за туризам и угостителство Охрид ќе се одржи на 1-ви октомври со почеток во 12 часот во амфитеатарот на факултетот Да им посакаме ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.