Утрово во 6 часот во Охрид измерена е температура од 23,2 степени Целзиусови. Единствено потопло било во во Струмица (23,6) , Д.Капија (25) и Гевгелија (26). Во пораст е и температурата на водата во Охридското Езеро. Според утринските мерења таа изнесyва 21,5 степени.

До крајот на денот ќе преовладува сончево и многу топло време. Попладне на повеќе места ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, не е исклучено локално овие процеси да бидат и поинтензивни. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 30 степени Целзиусови

Периодот на многу топло време, со максимални температури насекаде над 30, а вдолж Повардарието и над 35 степени, ќе продолжи до крајот на месецот. До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на нестабилност на места со пороен дожд и грмежи, а не е исклучено локално овие процеси да бидат и поинтензивни, особено утре. Од среда времето ќе биде сончево и понатаму многу топло, информира УХМР Македонија.

OhridNews