Утрово најниска темепратура од 1 степен Целзиусов, е измерена во Берово, а најтопло е во Охрид со 10 степени.

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а попладне долж Повардарието од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.
Во Охрид променливо облачно со услови за дожд. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови. Во сабота врнежите ќе бидат локални, а на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.
OhridNews













