Општинската изборна комисија ги утврди составите на избирачките одбори од вкупно 72 избирачки места на ниво на општина Охрид.

Како што информираат од ОИК, во рамки на избирачките одбори остануваат членовите кои биле во состав на одборите и на претходните избори, со исклучок на иселените во странство, оние кои отишле во пензија, од семејни причини кои не можат да се повеќе членови на одборите или пак оние кои не се повеќе во работен однос.


Ги повикуваме сите членови на избирачките одбори, во наредните три дена во периодот од 10 до 20 часот во седиштето на ОИК, во општинската мала сала да дојдат и ги подигнат решенијата за нивниот избор во избирачките одбори. Истото се однесува и на членовите предложени од страна на политичките партии. Од наша страна тие и официјално ќе бидат информирани преку матичните институции во кои работаат , рече претседателот на ОИК, Ангелина Недеска.

Заменик претседател на општинската изборна комисија е Арсен Османи, секретар Ранко Крстески, а членови се Наташа Србиноска, Оливера Нечоска, Серафим Наумоски и Томе Џамтоски.

OhridNews