Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа, Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД со намена Г2-лесна индустрија на дел од КП 821/1 КО Косел, Општина Охрид. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 8-16 часот, почнувајќи од денес до 06.07.2017 год.
Јавната расправа ќе се одржи на ден 22.06.2017г. во малата сала на Општина Охрид, со почеток во 10 часот. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите може да ги испраќаат на: [email protected] или по пошта на следната адреса Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.
OhridNews












