Првата количина вакцини против Ковид-19 кои ќе пристигнат во земјава во февруари ќе бидат кинеските вакцини. За многу кратко време ќе го знаеме и датумот, а ќе пристигнат 200 000 вакцини со што ќе почне вакцинирањето на сите приоритетни групи. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче.

И овие преговори кои ги водиме сега со „Фајзер“, и тие кои ги завршуваме со кинеската компанија се навистина тешки и бараат многу детали, додаде Филипче.
OhridNews











