Вакцинацијата против сезонски грип започнува утре и ќе се одвива секој работен ден од 7:30 до 15:00 ч. во епидемиолошките амбуланти на Центар за јавно здравје Охрид, Струга и Дебар.

За вакцинирање со бесплатната вакцина против сезонски грип потребно е електронски да закажете термин на веб страната vakcinacija.mk grip со пополнување на соодветна пријава и во точно определен термин што ќе го добиете преку СМС порака или е-маил, да дојдете во епидемиолошката амбуланта на Центарот за јавно здравје Охрид, Струга или Дебар, информираат.
За оние кои имаат интерес за вакцинација против грип, а не припаѓаат на некоја од групите бесплатна вакцина, додаваат дека Центарот за јавно здравје Охрид обезбеди комерцијална четиривалентна вакцина од истиот производител со цена од 700 денари за една доза. За примање на комерцијалната вакцина не е потребно претходно закажување.
OhridNews













