Во рамки на вечерта на ЕУ на Охридско лето, во катедралната црква Св. Софија во 21 часот ќе настапи пијанистот Сиприен Кацарис.
Кацарис e кипарско-француски пијанист и композитор, лауреат на бројни меѓународни натпревари. Како уметник со изразен музички профил, авторитет, силна индивидуалност и особено чувство за романтичниот стил, Кацарис ги претставува најголемите уметнички вредности на својата генерација. Неговата интернационална кариера вклучува настапи со најголемите светски оркестри како Берлинската филхармонија, Симфонискиот оркестар од Берлин, Виенскиот камерен оркестар, Royal Concertgebouw Orchestra, Јапонската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Санкт Петербуруг и многу други. Соработувал со диригенти како Леонард Бернштајн, Мстислав Ростропович, Сер Сајмон Ратл, Чарлс Дутоа, Николаус Харнонкурт, Сер Чарлс Мекерас, Владимир Федосејев. Tој е основач и член на пијано квинтетот „Кацарис“. Дискографијата на Кацарис содржи голем број ремек дела од литературата за пијано.
Од 21 до 23 август ќе се одржи 38 издание на меѓународната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, која и годинава ќе обедини поети и автори од Македонија и повеќе европски земји Настани...
Со гала концерт насловен „Love“, вечерва во 21 часот на Античкиот театар свечено ќе биде отворено 66 издание на фестивалот „Охридско лето“, најзначајната и најреномирана меѓународна културна манифе...
Спектакл под свеќи исполнет со многу емоции приреди Камерниот оркестар „Профундис“ и младиот виолончелист Петар Пејчиќ преку концертот што вчеравечер го организира НУ „Охридско лето“ Бројната публи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.