Поради големиот интерес на публиката, вечерва, повторно ќе биде изведена претставата „Аналфабет“- комедија работена според текст на Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески. Во претставата играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева.
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.
Картите се продаваат по цена од 200 денари. Претставата не е за лица помлади од 14 години. Во претставата се користат пиротехнички средства.
Ohridnews












