Вечерва, со почеток во 19 часот, во “Shilla coffee & bar” во Охрид, ќе се одржи промоција на “Слики од бунарот” – збирка поезија од Марина Икономова – Шокева. Збирката содржи четириесет песни од интимен, емоционален карактер. 

На промоцијата ќе се чита поезија од збирката, а поетесата ќе потпишува и подари примероци од истата. 

Збирката поезија “Слики од бунарот” е во издание на издавачка куќа „Ѓурѓа“ од Скопје.

OhridNews