Со натпреварите од првото коло вечерва започнува 51. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, кој и годинава собра 32 екипи што ќе се натпреваруваат за вредниот награден фонд од 500.000 денари.
Први на теренот ќе истрчаат актуелните шампиони АСП ПАК и Кафе бар Слобода.
Турнир „Петровден“ 1 коло
20:30 Асп Пак – Кафе бар Слобода
21:30 Нова Пор – Виена Комерц
22:30 Топлина – Пејачката Софче Македонија
Годинава екипите се поделени во осум групи, а во наредните денови љубителите на малиот фудбал ќе имаат можност да проследат голем број интересни натпревари и дерби пресметки уште во групната фаза.
Турнирот „Петровден“ повеќе од пет децении претставува еден од најзначајните спортски настани во охридско-струшкиот регион. Покрај силната конкуренција на теренот, традиционално се очекува и голема посетеност на трибините во Мешеишта, каде секое лето се собираат бројни љубители на спортот.
Завршницата на турнирот ќе се игра во пресрет на празникот Петровден, кога ќе бидат познати новите шампиони и ќе бидат доделени наградите за најдобрите екипи и поединци.
OhridNews












