Никола Тодороски и Никола Братучед Сиљаноски вечерва, недела, 8 ноември, повторно ќе настапат во охридскиот „Џез Ин“ со стендап-шоуто „Нов материјал“. Репризата, закажана по барање на публиката, почнува во 20 часот.
Двајцата комичари пред публиката ќе ги тестираат своите нови шеги.
Ако ја пропуштивте премиерата, ова ви е шанса да ја поправите грешката. Ако бевте на премиерата, дојдете да проверите дали шегите преживеале!, порачуваат Тодороски и Сиљаноски во најавата.
Билетот чини 500 денари. Купете билет онлајн на shop.hahaha.mk.
Шоуто не се препорачува за лица помлади од 16 години.
OhridNews












