Вечерва (петок) во 20 часот во Галерија Робевци ќе биде отворена интернационалната изложба на графика во мал формат насловена А4.

Изложбата е во организација на Националниот Универзитет за Ликовни Уметности од Букурешт, Романија, а кај нас ќе пристигне на основа на неодамнешната соработка со кустосот организатор на истата проф.др. Овидиу Кроитору. На изложбата ќе бидат изложени цртежи, скици и графики на уметници и на професори од ликовните академии од Романија, Бугарија, Унгарија, Израел, Германија, САД и Чешка.

Во ова трето издание кое ќе гостува една недела во Галеријата Робевци ќе учествуваат и неколку истакнати македонски уметници и професори на Факултетот за ликовна уметност во Скопје кои го негуваат цртежот графичките техники како ликовно изразно средство.

Изложбата А4 за прв пат е отворена во Националната Универзитетска Галерија -УНА Галерија во Букурешт а по гостувањето во Галерија Робевци истата ќе биде изложена во неколку Универзитетски Галерии во Бугарија, Полска и Унгарија.

OhridNews