Со беседа за основачот на манифестацијата, Славе Ѓорго Димоски, во Велестово вечерва започна јубилејната дваесетта Поетска ноќ.

Во рамки на манифестацијата која годинава за прв пат се одржува во два дена ќе биде  отворена и изложба на тема “Александар Македонски” од авторите Сергеј Андреевски и Дик Робертс.

Во рамки на манифестацијата утре ќе се одржи  поетски митинг, и ќе бидат промовирани монографиите “Црквата Успение на пресвета Богородица” и “20 години Поетска ноќ во Велестово”.

ohridnews