Велија Рамковски, сопственикот на затворената телевизија „А1“, излезе од затвор.

Една од неговите ќерки објави фотографија на фејсбук-профилот на која се заедно двете сестри и татко им Велија. Над фотографијата стои: „По седум години затвор, Велија заедно со своето семејство“.

Тој днеска добил привремен отпуст за лекување. Велија би требало да се врати во затвор по неколку месеци, но, доколку до тогаш поминат 8,6 години, односно две третини од казната, можно е да добие и целосно ослободување.

Рамковски беше осуден на 13 години затвор, во судскиот процес „Пајажина, за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители.

 

OhridNews