Меѓу нашиот народ постојат повеќе обичаи и верувања поврзани со Велигден и деновите што му претходат.

Вториот ден од Великата недела или Страстна недела e Велики Вторник. На овој ден се подготвуваат јајцата за вапцување. Се одбирале пресни јајца „за зародишот да е пресен“. Јајцата се броеле и се планирале според бројот на членовите во семејството, при што се водело сметка и за тие што не биле дома.

На светиот и Велики Вторник православната црква прави спомен и на евангелската приказна за десетте девојки.

По повод Велики Вторник денеска ќе се одржи утрена литургија, едноцрквие со почеток, а попладнето ќе има бдение.

Ohridnews