Новата Влада на СДСМ, на туризмот ќе му посвети посебно внимание.- Министерството за економија ќе биде единствената институција задолжена за туризмот, при што комплетно ќе се реорганизира постојниот Сектор за туризам, ќе се креира и заедничко Координативно тело со претставници на туристичките агенции од приватниот сектор. Ќе се започне со анализи за отворање на Македонско туристичко биро во странство, туристичките агенции ќе добијат субвенции како процент од вкупниот евидентиран девизен прилив од продажбата на туристички услуги на странци во претходната година, истакна Велјаноски.
Како што рече кандидатот за пратеник од СДСМ, новата влада на СДСМ ќе ја разгледа можноста за намалување на стапката на данокот на додана вредност за туризмот, ќе издвојува најмалку 1 милион евра годишно за организација на општа туристичка промоција на Македонија, ќе се формира интернет – портал со квалитетни и сеопфатни информации за туристичката понуда на нашата земја, а меѓу другото ќе отвори и информативни туристички канцеларии во Скопје, Охрид и Битола.
Во врска со предлогот на општинската ЛДП за организирање јавна дебата на која би учествувале кандидатите за пратеници од Охрид, Велјаноски рече дека тој како кандидат е секогаш отворен за разговор и дебати со останатите кандидати.










