– Проектот “Компјутер за секое дете“, до сега непознат во светски рамки, е најзабеганиот проект кој можеше да го смислат само луѓе кои не влегле во училиште, скандалите со учебниците, девалвирањето на универзитетската диплома, се само дел од импровизациите на досегашната власт, рече Велјаноски.
Тој потенцира дека новата Влада на СДСМ ќе ја врати изгубената автономија на Универзитетот.
– Новата Влада на СДСМ ќе направи основно и средно образование растоварено од непотребни наставни содржини, во средното стручно образование ќе се воведе многу повеќе практична настава, во паралелките во одделенска настава предметот физичко ќе го предаваат дипломирани професори по физичко, ќе се погрижиме за наградување, а не за казнување на професорите, за безбедни училишта и ќе градиме детски градинки, наместо споменици, рече Велјаноски.










