Д-р Виолета Мицкоска од СДСМ, е нов член на советот на општина Охрид. На 24-та седница советот го верификува мандатот на Мицкоска, која доаѓа на местото на Томислав Тунтев. Тој беше разрешен од советничката функција поради, како што беше објаснето од владејачкото мнозинство кое ја иницираше постапката, неспоивост на советничката со функцијата пратеник.

На 24 седница која заврши експресно, беа усвоени и предлог решенијата за именување претседател на Статутарно-правната Комисија, за именување член во Комисијата за јавни и комунални дејности и за именување член во Комисијата за месна самоуправа.

OhridNews