Фудбалско уживање им приредија ветераните на Охрид и Црвена Звезда кои денеска одиграа ревијален натпревар на стадионот Билјанини извори во Охрид. Славеа домаќините со 3:1, но резултатот беше во втор план.

Љубителите на спортот во Охрид имаа прилика на дело уште еднаш да ги видат фудбалските мајстори кои своевремено палеа и жареа на терените во регионот и пошироко како Милош Шестиќ, Јован Куле Ачимовиќ, Бошко Ѓуровски, Здравко Боровница, Недељко Милосавлљевиќ, Јовица Николиќ, Славољуб Јанковиќ, Митко Стојкоски, Тони Мицески, Слободан Булески, Гоце Илчески, како и почесниот конзул на Србија Мишо Филев. За Охрид играа Данчо Целески, Благоја Буџакоски, Игор Митрески, Љубе Лескароски, Љупчо Митрески Бавча,  Аце Велески, Аце Велјаноски, Гоце Маркоски, Веле Ѓоршески, Наум Шапкар, Аце Толески, Стефан Здравевски Циро, Дејан Лескароски, Мишко Рувинов и други. Екипата на Охрид ја предводеа Драган Блажески Крчо и Насте Мише.

По завршување на натпреварот следеше заедничка дружба на ветераните на двата клуба. Претходно, ѕвездите на Црвена Звезда имаа прошетка со брод по Охридското Езеро и чаршијата.

Тие го посетија и конзулатот на Репубблика Србија во Охрид и имаа дружба со фанови во гостилницата Боем

Г. Момироски
Фото: OhridNews