Деновиве во театарот „De Meervart“ во Амстердам, холандската фолклорна група „Roman Ensemble“ ја изведе македонската песна „Ако умрам ил загинам“.

Се работи за ансамбл од холандската метропола, кој обрабатува фолклорни песни од целиот Балкан.

Инаку, во ансамблот членува и Холанѓанецот со охридско потекло, Мартин Грозданоски.

OhridNews