Италијанскиот оперски пеач Андреа Бочели, по повод Велигден одржа соло концерт во познатата катедрала Дуомо во Милано, посветена на Мајката Божја. Концертот насловен како „Music for Hope“, кој од разбирливи причини се одржа без присуство на публика, Бочели го посвети на борбата на светот против пандемијата од коронавирусот Ковид 19. Во текот на коцерот, кој во живо беше пренесуван пред милионски аудиториум на „You tube“, беа емитувани емотивни снимки од празните улици на светските метрополи.

OhridNews