Минути не делат од вториот меч на нашата ракометна репрезентација со Чешка во рамки на Европското првенство, а атмосферата пред “Штадхале” во Виена и околните кафулиња кои се запоседнати од Македонската фаланга доживува кулминација.

Меѓу илјадниците фанови од сите краеви на Македонија и Европа во црвено жолто, се и бројни охриѓани.

Фалангата е вистински хит во Виена. Кортеото од македонската фан зона до градската арена во австрискиот главен град беше проследено со големо љубопитство од локалните жители.

Со победа против Чешка, Македонија ќе обезбеди пласман во следната фаза од шампионатот.

Г.М.