Голема површина земјоделско земјиште и насади изгоре во пожар што деновиве се случи во близина на подружницата на Македонија пат, помеѓу селата Орман и Лакочереј.

Штетите се огромни велат сопствениците на земјиштето. Опожарени се насади со јаболка и други култури, а во неконтролираното палење на стрниште изгорени се и пластеници со расад за патлиџани.

Пожарот, според оштетените граѓани, е предизвикан од невнимание, односно човечки фактор. Тие велат дека неодговорни поединци палат стрништа без притоа да го обезбедат просторот и да преземат мерки за спречување на ширење на огнот, дури и го напуштаат местото оставајќи можност огнот неконтролирано да се прошири и да направи голема штета.

OhridNews