Во организација на КУД „Илинден“, организацијата на жени од Велгошти и Месната заедница од истото населено место, во црквата Св. Петка во Велгошти се одржа Велигденски фолклорен концерт.
Настапија играорците од КУД „Илинден“ и ансамбл „Филигран“, кои изведоа дел од традиционалните ора и песни од богатата македонска фолклорна ризница.
Кореографијата беше на Борче Сотироски и неговите помошници Мартин Шапкароски, Христина Ѓореска и Елена Павлеска, оркестарот го водеше Бојан Здравески, а организатор на настанот беше Илче Ѓорески.
Во богатата културно – уметничка програма во прекрасниот амбиент на духовниот храм Св. Петка уживаа голем број посетители.
OhridNews

































