Вевчанските василичари подигнаа граница со Северна Македонија. Влезот на карневалот за жителите на новата држава беше дозволен само под одредени услови. Но, вевчанските василичари брзо се адаприраа на новите состојби, а ја адаптираа и историјата.

Промената на името, случувањата во собранието и политичките превирања и пазарења беа лајт мотив на годинешниот карневал во Вевчани. Повеќе групни маски беа посветени на 8-те пратеници од опозицијата кои ги поддржаа уставните измени.

Низ вевчанските улици продефилираа тајните служби на Мијалков, обвинителите на СЈО, армски и полициски специјалци кои го бараа избеганиот експремиер Груевски. Тој пак заедно со актуелниот премиер Заев се најде во потесен избор на василичарите за Нобелова награда.

Меѓу василичарските маски имаше и дипломати и странски служби. На дел од нив не им годеше атмосрефата во земјата.

Според традицијата василичарите вечерва ќе ги посетат сите домови на вевчанци. Карневалот завршува утре на пладе со оро сред село кога ќе бидат извадени василичарските маски.

Фото галерија:

Г.М.

ФОТО: Вевчански карневал 2019