Видео: Христијаните во Охрид масовно го одбележаа Велигден
04.04.10 00:15
Голем број верници, граѓани, меѓу кои и познати личности од јавниот и политичкиот живот и туристи, присуствуваа на централната велигденска богослужба во Охрид, што се одржа во манастирот посветен на Св. Климент и Св. Пантелејмон на Плаошник. Точно на полноќ митрополитот Дебарско – кичевски, г. Тимотеј, кој чиноначалствуваше со празничната литургија ја соопшти радосната вест за воскресението Христово.
Верниците ги исполнија и другите православни храмови во градот каде исто така се служеше велигденска литургија. Отец Љупчо, свештенослужител во црквата Света Богородица – Каменско, објаснувајќи ја симболиката на празникот истакнува дека Велигден е празник над сите празници затоа што тогаш се слави победата над смртта, кога синот Божји со сопствениот живот го спасува човештвото:
– Нека овој голем ден внесе радост. Зраците од воскреснатиот Христос ги озарат сите христијани во целиот свет затоа што победата над смртта е во овие мигови кога Христос воскреснува, а кој што е гарант и за наше воскреснување. Оттука е и целата наша радост затоа што Христос со смрт смртта ја победи и на сите им подари живот вечен. Христос Воскресе!
Велигден на ист датум годинава го одбележуваат и католиците. По тој повод во сите католички храмови во светот се одржа полноќна миса. Велигденска миса се одржа и во католичката црква „Св. Бенедикт и Св. Кирил и Св.Методиј“ во Охрид.
По повод Светскиот ден на срцето, кој секоја година глобално се одбележува на 29-ти септември, а годинава под мотото „DON’T MISS A BEAT”, ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехаб...
Соработката меѓу институциите е од суштинско значење за унапредување на отпорноста на катастрофи во земјава и во поширокиот регион на Западен Балкан, истакна постојаниот претставник на УНДП во Маке...
Првиот академски час за академската 2026/2027 година на Факултетот за туризам и угостителство Охрид ќе се одржи на 1-ви октомври со почеток во 12 часот во амфитеатарот на факултетот Да им посакаме ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.