Краткотрајно, но силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи, попладнево го зафати Охридско-струшкиот регион.

Невремето предизвика едночасовен прекин на електрична енергија во центарот на Охрид и повеќе други населби во градот, а силниот дожд го отежна одвивањето на сообраќајот.

Во четврток во Охридско-струшкиот регион ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне до 29 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.

OhridNews