Видео: Од почетокот на грејната сезона 29 пожари на оџачки канали, лиценцирани оџачари нема
26.12.23 10:07
Од почетокот на грејната сезона во Охрид се бележат вкупно 29 пожари на оџачки канали на станови и куќи кои се затоплуваат со дрва. Постојани се апелите од надлежните за редовно одржување на оџачките канали, но бројките говорат дека години наназад имаме скоро исто случаи на опожарени случаи. Во Охрид лиценцирани оџачари нема, но во пресрет на граѓаните излегуваат вработените во ТППЕ Охрид.
Според Правилникот изготвен од Дирекцијата за заштита еднаш месечно во сезоната за греење и еднаш вон сезоната за греење треба да се чистат оџаците на објектите на органите на државна управа, единиците на локална самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите за заштита и спасување од пожари на луѓето, додека двапати месечно во периодот во сезоната за греење и еднаш вон сезоната за греење за домаќинства.
Еднаш годишно предвидено е и чистење за вентилационите канали и отвори, за резервни оџаци со приклучоци во зградите што користат парно, воздушно и водено централно греење.
Актуелниот шампион ГРК Охрид обезбеди пласман во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп, откако и во реваншот од третото коло го совлада литвански Драгунас Клаипеда со 32:25 (15:11) „Гладијаторите“ г...
Фудбалерите на Света Троица 2021 забележаа значајна победа од 2:1 против Чардак од Велгошти во охридското дерби од 11 коло на Третата македонска фудбалска лига, Регион 5 Света Троица 2021 одлично г...
Навивачката група „Рибари“ вечерва на реваншот меѓу ГРК Охрид и Драгунас Клаипеда во ЕХФ Европскиот куп истакна парола со која на ироничен начин го осуди насилството врз жените Ова е место каде што...