Илјадници граѓани на Охрид во бескрајни колони возила со вклучени сирени и развиорени знамиња, еуфорично го слават историскиот пласман на фудбалската репрезентација на Македонија на Европското првенство 2021, остварен вечерва со победа на гостински терен над Грузија 0:1 со голот на капитенот Пандев.

Видливо беше расположението кај охриѓани кои почитувајќи ги мерките за заштита на здравјето, триумфот за пламсн на ЕП во фудбал го слават со авто дефиле кое се уште трае.

 

Мх.П./Г.М.