Сите 88 избирачки места во Охрид, утрово се отворени на време, а референдумскиот процес до овој момент се одвива непречено и без проблеми, информира Општинската изборна комисија – ОИК. Излезноста во утринските часови, очекувано е пониска, велат од ОИК.

Избирачките одбори утрово немаат многу работа, а поголема излезност се очекува во попладневните часови.