Екипата на Торонто ја освои титулата во НБА лигата, откако во големото финале го совлада составот на Голден Стејт со 4-2 во победи. „Рептилите“ првата титула во клупската историја ја осигураа со четвртиот триумф во „Оракл“ арената славејќи со 114-110.

 

Шестиот меч од финалето помина во изедначен тек и никоја од екипите не поведе со двоцифрена разлика на семафорот. Во првата четвртина Торонто стекна водство од 9 поени, но до крајот домашните кошаркари стигнаа до минус еден. После многу разменувања на водството после вториот квартал Торонто со три поени предност замина одмор.

„Воините“ во третиот период го презедоа водството и обезбедија тесно водство (88-86) пред решавачката четвртина. Торонто го издржа притисокот и во втората половина од завршниот квартал поведе со шест поени (108-102). Голден Стејт дојде до ситуација да има шут за победа на 111-110, но Стеф Кари не погоди а потоа следуваа поени на Торонто од линијата за слободни фрлања за конечни 114-110.

Каваи Ленард кој мечот го заврши со 22 поени беше прогласен за МВП во финалната серија. Најпрецизен на мечот беше Клеј Томпсон од Голден Стејт со 30 поени а расположен за игра во тимот на Торонто беше Лоури кој уфрли 26 кошеви.

OhridNews