На креативната кампања за спортскиот настан на годината во Охрид, градската трка „Охрид трчат“, се приклучија и познатите охридски актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски. Тие упатија повик до охриѓани масовно да се приклучат на трката, но и да овозможат непречено одвивање на спортскиот настан кој ќе се одржи на 4-ти јуни претпладне. Погледнете што порачаа Никола и Стрезо:
Инаку пријавувањето за трките на 10 и 5 километри (тим билдинг) е во тек и се одвива онлајн на специјализираната интернет страна „smartrace.club“.
OhridNews











