Охриѓанецот Филип Јосифоски, член на ТК „Хваринг Фист“ се врати со златен медал од отвореното првенство на Србија во таеквондо што на 20 април се одржа во Кула. На првенството учество зедоа клубови од 5 држави, а Јосифоски беше единствен претставник од охридскиот таеквондо клуб. Тој во категоријата борби за натпреварувачи до 25 килограми се закити со злато.

Покрај освојувачот на медал, Јосифоски кој во Србија отпатува на сопствен трошок, подготовките за овој турнир ги завршија уште 8 натпреварувачи кои поради немање финснсики средства не ортпатуваа за Кула. Од ТК „Хваринг Фист“ отворено и замеруваат на локалната самоуправа дека не покажала интерес да им помогне на младите спортисти да учествуваат на турнирот во Србија, со што тие пропуштија можност да освојат бодови за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Пореч Хрватска.

За период од 6 месеци  нашиот клуб во името на градот Охрид има освоено една златна плакета, 21 златни,10 сребрени и 13 бронзени медалји,со што  сигурно е еден од најдобрите претставници на нашиот град на меѓународен план, велат од „Хваринг Фист“.

ohridnews