Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 22 степени Целзиусови.

Во недела ќе преовладува умерено облачно време, попладне во западните делови значително облачно со локален дожд, на места пороен. Максималната температура ќе достигне до 21 степен, информира Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

OhridNews