Времето денеска ќе биде умерено облачно, во западните и југозападните делови претпладне со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено попладне. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 23 степени Целзиусови.

Во недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, со сончеви периоди и со умерен до засилен североисточен ветер. На места ќе има услови за врнежи од дожд. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 19 степени, информира УХМР.

OhridNews